Мертенс е желба на Евертон

Премиерлигашот Евертон има големи планови за овој зимски преоден рок, а според информациите од Италија, тимот од „Гудисон парк“ планира да пазари од Италија.

Прва мета на „карамелите“ е крилниот фудбалер на Наполи, Дрис Мертенс, а раководството на Евертон е подготвено да понуди 12 милиони фунти за неговите услуги. Белгиецот игра одлично во дресот на Наполи оваа сезона и постигна 15 погодоци и седум асситенции на 22 одиграни натпревари за тимот од Сан Паоло и веднаш го привлече вниманието на поголемите клубови.

Тимот на Роналд Куман се надева дека ќе успее да го договори Мертенс до крајот на овој месец, а за неговите услуги се интересираат и Баерн Минхен, Ајакс и Ливерпул.

Се вчитува...