Мертенс го пропушта големото дерби

Наполи ќе биде сериозно ослабен на утрешното дерби против Интер откако беше обелоденето дека Дрис Мертенс поради повреда нема да може да му биде на располагање на Џенаро Гатузо за овој натпревар. Белгискиот голгетер се мачеше со повреда со мускулот, а откако не успеа да ја санира навреме воопшто не се најде на поширокиот список на „наполитанците“ за овој натпревар.

„Мертенс доби зелено светло да замине во Брисел и таму да ја продолжи рехабилитацијата. Неговото враќање го очекуваме кон крајот на следната седмица, ќе видиме во каква состојба ќе биде кога ќе се врати. Против Интер ќе играат оние кои се најподготвени. На повреда се жали и Фабијан Руиз, но доколку лекарите потврдат дека може да настапи, тој ќе биде во тимот“ – изјави Гатузо.

За очекување е во отсуство на Мертенс, шанса во стартниот тим на Наполи да добие Мексиканецот Лозано.

Се вчитува...