Мертенс го стигна Марадона, Наполи го победи Фросиноне

Наполи рутински славеше со 0-2 на гостувањето против Фросиноне, резултатот со кој тимот на Карло Анчелоти ја прекина серијата слаби резултати од последните натпревари.

Дрис Мертенс со еврогол од слободен удар го отвори резултатот во првото полувреме, а веќе на стартот од вториот дел „наполитанците“ ја запечатија победата со голот на Јунеш.

За одбележување е дека денешниот гол беше вкупно 81. за Мертенс во дресот на Наполи, со што Белгиецот го израмни достигнувањето на Диего Армандо Марадона како трет најдобар стрелец во историјата на клубот од Неапол.

Се вчитува...