Мертенс ќе биде новиот „предавник“ од Неапол

Нови разочарувачки вести за навивачите на Наполи пристигнуваат од Италија. По, Маурицио Сари и Гонзало Игуаин, нова мета на актуелниот шампион на Италија, Јувентус е уште еден играч кој во Неапол се смета за легенда.

Клубот од Торино сака во своите редови да го доведе Дриес Мертенс, кој во минатите години беше еден од најдобрите фудбалери на „наполитанците“. Актуелниот договор на Белгиецот му истекува на крајот на сезоната, а тој нема да биде продолжен бидејќи Мертенс е во лоши односи со раководството на клубот. Покрај Јувентус за услугите на 32-годишникот се заинтересирани и Интер и Рома.

Мертенс е втор најдобар стрелец во историјата на Наполи, а до крајот на сезоната се очекува да стане и фудбалер со најмногу голови, бидејќи првопласираниот Марек Хамшик му бега само три гола.

Се вчитува...