Мертезакер: Ние играчите го ’предадовме’ Венгер

Арсенал од оваа сезона го има Унаи Емери на клупата, но и понатаму на Островот се води дебата дали Арсен Венгер требаше да си замине од клупата на „топчиите“. Ветеранот Пер Мертезакер истакна дека играчите се виновни за слабите резултати минатата сезона и дел од нив се чувствуваат како да го ’издале’ својот претходен менаџер.

„Неговата одлука беше шок за нас. Тој влезе на состанок и соопшти дека ќе си замине од Арсенал, откако тоа веќе го усогласил со сопственикот на клубот. Беше тоа тажен момент, а јас тврдам дека всушност ние играчите го „предадовме“ Венгер. Ние сме виновни, затоа што голем дел од сезоната одигравме навистина под можностите“, изјави Мертазакер.

Се вчитува...