Мерцедес испрати јасна порака

Формула 1 екипата на Мерцедес се подготвува да го унапреди својот болид за големата награда на Велика Британија на легендарната патека „Силверстоун“.

Како и секоја година екипата сака во најдобро светло да се прикаже на „Силверстоун“ и се зборува дека подготвуваат пакет за унапредување на болидот за трката која на програмата е следниот викенд.

„Можете да бидете сигурни дека ќе извлечеме максимум од болидот. Подготвуваме нов пакет за „Силверстоун“. Цел ни е да ја унапредиме брзината“, изјави техничкиот директор на тимот, Мајк Елиот. 

Се вчитува...