Мерцедес не се предава: Титулата за Хамилтон ќе ја бара на меѓународен суд!

Макс Ферстапен долго во ноќта ја славеше првата титула светски шампион во формула еден, откако вчера излезе како победник во лудата трка во Абу Даби во која во последниот круг го мина најголемиот ривал Луис Хамилтон.

Сепак, луѓето во Мерцедес едноставно не можат да го прифатат поразот. Тие веднаш по трката упатија две жалби до Светската автомобилистичка федерација (ФИА) за случувањата во финишот, кои експресно беа одбиени, но сега најавуваат дека борбата ќе ја продолжат пред Меѓународниот суд. Станува збор за повисока инстанца од дирекцијата на трката, која во следните 72 часа треба да добие писмена жалба со добро документирани докази дека главниот судија во Абу Даби, Микаел Маси, направил голема грешка. Потоа, судот ќе има 96 часа да реши дали има основа да се поништи последниот круг од трката, кој всушност го реши победникот, а со тоа и шампионот.

Ако вакво нешто се случи, тогаш шампионскиот трофеј би бил предаден кај Хамилтон, додека Ферстапен би останал со празни раце. Но, добрите познавачи велат дека шансите за ваков епилог се „микроскопски“ и дека сето ова е само начин на кој Мецедес сака да го наруши славјето на конкурентот Ред Бул, а истовремено да најде оправдание за сопствената лоша тактика во финишот од трката.

Се вчитува...