Мерцедес повторно се жали, Фетел вели нема потреба од такво нешто

Мерцедес побара од Формула 1 повторно да го истражи „инцидентот“ помеѓу Макс Ферстапен и Луис Хамилтон од 48. круг на ГН на Бразил кога при обид за претекнување на Британецот, Холанѓанецот не дозволи конкурентот да ја превземе првата позиција.

Интересно, истото го бараше и Ред Бул по ГН на Велика Британија кога Хамилтон го исфрли Ферстапен од стазата, а овој заврши во заштитната ограда.

На оваа тема говореше и Себастијан Фетел кој не ја гледа причината за овој потег на Мерцедес, кој според Германецот создава дополнителна тензија која во моментот не е потребна.

„Не ми се јасни луѓето од Мерцедес. Желбата која ја упатија е целосно непотребна. Тоа беше борба на двајца возачи за првото место. Во еден момент двајцата завршија надвор од стазата. Се вратија, Хамилтон победи и тука треба да се стави точка. Јас не сум вмешан во инцидентот и немам никаков интерес. Без потреба се прави тензија. Луис беше одличен. Победи. Беше побрз. Не знам зошто воопшто се враќање на таа тема“, изјави Фетел.

Битката на прво и второ пласираните возачи продолжуваат викендов за Големата награда на Kaтар.

Се вчитува...