Гостувањето во Белорусија кај Мешков Брест не е наивна работа, а покрај Вардар во тоа се уверија и Раул Гонзалес и ѕвездите на Пари Сен Жермен. Белорускиот тим му го нанесе вториот пораз на ПСЖ на стартот од Лигата на шампионите, славејќи на домашен терен со 32-31. Фантастично прво полувреме одиграа Сташ Скубе и соиграчите, обезбедија водство од 19-14, а тоа не можеше да го надомести ПСЖ во вториот дел и на крајот загуби минимално. Валипо со седум гола и Паниќ со шест погодоци го предводеа Мешков Брест до големиот успех.
Веспрем немаше проблеми на гостувањето во Запорожје и го победи Мотор со 34-37. Украинскиот тим имаше сили за едно полувреме, обезбеди мала предност (18-17) на одморот, но потоа Веспрем заигра многу подобро и ги освои бодовите. Дејан Манасков беше стрелец на еден гол, а најефикасен во победничкиот состаб беше Петар Ненадиќ со осум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА