Мешков објави – Скубе две години во Брест

Од денеска е и официјално, Сташ Скубе по заминувањето од Вардар кариерата ќе ја продолжи во редовите на Брест Мешков. Белорускиот првак денеска точно на пладне потврди дека е постигнат договор со средниот бек на „вардарци“, кој ќе ги мине следните две сезони во дресот на Брест Мешков.

Роден во Ново Место, Скубе кариерата ја почна во Тримо, минувајќи седум сезони во овој клуб, во кој го имаше и своето деби во европските натпреварувања. Потоа тој се сели во Горење Велење, каде три години по ред е вицешампион на Словенија, за во 2016 година да се пресели во Пик Сегед.

Две години подоцна следи трансферот во Вардар, клубот во кој Словенецот го остварува најголемиот успех во кариерата – титулата во Лигата на шампионите. Сезонава тој настапи на сите 14 натпревари за „вардарци“ во групната фаза од ЛШ, постигнувајќи 53 погодоци.

Се вчитува...