Лионел Меси доби нов тренер, и тоа повторно Аргентинец откако управата на Интер Мајами реши да го именува Кристијан „Кили“ Гонзалес за нов предводник на екипата предводена од аргентинскиот фудбалски генијалец.
Управата на чело со Дејвид Бекам се реши повторно да именува Аргентинец за тренер, па по Маскерано и Гиљермо Хојос, оваа одговорна улога му ја додели на Гонзалес, кој своевремено со успех ги бранеше боите на Валенсија и Интер.
Хојас доби отказ откако Интер Мајами влезе во црна серија од пет меча без триумф (четири порази и едно реми), доволен доказ за кризата во која се најде клубот од Флорида.
Кили Гонзалес претходно имаше тренерски ангажмани во татковината, во тимовите на Платенсе, Унион Санта Фе и Розарио Централ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
