Меси донесе одлука: Нема да играм на следниот Мундијал

Лионел Меси, потврди дека нема да игра за Аргентина на следниот Мундијал во 2026 година. Аргентинецот го најави тоа по освоената титула во Катар, а сега потврди дека нема да настапи за „гаучосите“ на следното Светско првенство.

Тој за следниот Мундијал ќе има 39 години, и вели дека не верува дека ќе биде подготвен да и помогне на својата земја да го одбрани трофејот.

„Нема да играм на следниот Мундијал. Ова беше мое последно Светско првенство. Ќе видам како ќе биде ситуацијата, но во принцип нема да настап на следниот Мундијал“, рече Меси.

Навивачите на Аргентина се надеваа дека Меси би можел да настапи и на следното Светско првенство на кое Аргентина ќе го брани трофејот освоен минатата година во Катар, но ќе останат разочарани по оваа изјава.

Се вчитува...