Меси е „кралот на стрелците“ во 2018 година!

Лионел Меси се закитува со уште едно индивидуално признание –  овојпат како најдобар стрелец во светскиот фудбал за 2018 година. Аргентинскиот ас е единствениот кој ја надмина границата од 50 постигнати погодоци сезонава, стрелајќи прецизно во вкупно 51 ситуација (47 во дресот на Барселона, четири како член на аргентинската репрезентација).

Кристијано Роналдо со двата постигнати погодоци на денешниот дуел против Сампдорија стигна до бројката од 49 голови годинава, како член на Реал Мадрид, Јувентис и на португалската репрезентација. Зад Роналдо на листата најдобри стрелци за 2018 година се наоѓаат Роберт Левандовски со 46, Мохамед Салах со 43 и Хари Кејн со 42 погодоци.

За потсетување, минатата година благодарение на фуриозните настапи во декември најдобар стрелец за 2017 беше Хари Кејн со 56 гола, пред Меси со 54 и Роналдо, Левандовски и Кавани со по 53 погодоци.

 

Се вчитува...