Лео Меси го пропушта и Бордо

Големата фудбалска ѕвезда на ПСЖ, Лео Меси, кој има проблеми со тетивата на левото колено, деновиве е во Мадрид на лекување. Аргентинецот кој ја влече непријатната повреда од 2. септември, денеска беше прегледан во престижната клиника во која се лекуваше Бразилецот Нејмар, а резултатите не беа позитивни за него и за тимот на ПСЖ.

Меси, кој не настапи на дуелот со Лајпциг во Лигата на шампионите, ќе мора да го пропушти и викенд-дуелот со Бордо. ПСЖ попладнево објави дека Аргентинецот има проблем со болка во коленото, но и со повреда на мускулот, а Покетино на прес-конференцијата пред овој дуел објави дека Меси дефинитивно нема да патува за Бордо.

За потсетување, Аргентинецот досега не успеа да постигне гол за „светците“ во домашното првенство, а уште повеќе загрижува фактот што оваа повреда се’ почесто ја обновува како му проаѓаат годините.

Се вчитува...