Меси е подготвен за во Сити – Најважното, не може да даде гол од пенал (ФОТО)

Барселона доживеа елиминација од Лигата на шампионите, откако во реваншот од осминафиналето одигра само нерешено 1-1 на гостувањето кај Пари Сен Жермен.

Клучниот момент во натпреварот се случи на крајот на првиот дел кога при резултат 1-1, Кејлор Навас успеа да му спречи удар од пенал на Меси.

Социјалните мрежи полудеа по промашениот пенал, а најиновативна е објавата во која се вели дека Меси е подготвен за во Манчестер Сити, алудирајќи на тоа дека и „граѓаните“ имаат големи проблеми со изведувањето на пенали сезонава.

 

Се вчитува...