Меси е повреден, нема да игра со Лајпциг

ПСЖ ќе биде сериозно ослабен за утрешното гостување против Лајпциг откако Лионел Меси отпадна од комбинација за настап на оваа средба.

Аргентинецот се мачеше со повреда на мускулот во изминатите денови, настапи во првото полувреме од дербито со Лил во петокот, по што беше повлечен од игра од тренерот Покетино. Аргентинскиот стратег веднаш по мечот обелодени дека Меси се уште е повреден, а обидите на лекарите да го оспособат големиот ас за настап во Лајпциг очигледно не вродија со плод.

Покрај Меси во тимот ќе го нема ниту Марко Верати, кој ќе паузира уште дваесетина дена, а неизвесен е и настапот на Килијан Мбапе, кој го пропушти мечот со Лил.

Се вчитува...