Меси е „шефот“ во Аргентина – Игуаин мора да игра на СП!

Светското првенство во Русија следната година, за Лионел Меси најверојатно ќе биде и последна шанса да ја освои шампионската титула со Аргентина и да ги замолкне сите кои тврдат дека не е најдобриот фудбалер на сите времиња бидејќи никогаш не станал светски шампион. Свесен дека играта на Аргентина во последно време не е на шампионско ниво, фудбалерот на Барселона за претстојното СП 2018 нема ништо да препушти на случајот. Зборот на Меси беше „последен“ и при изборот на Жорге Сампаоли за селектор со кого Аргентина едвај избори пласман на СП, но и во составувањето на репреентацијата за СП.

Меси јасно му порача на селекторот кој се мора да биде во репрезентацијата на СП во Русија.

„Игуаин ни треба и тој мора да биде на Светското првенство. Тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот. Го докажа тоа во Јувентус и тоа е доволно. Со Аргентина е некоја друга приказна, не е исто кога играш за репрезентација“ – изјави Меси за својот репрезентативен колега.

Навивачите го обвинуваат Игуаин дека со неговите промашувања против Германија и против Чиле, Аргентина загубила три шампионски титули, една севтска и две јужноамерикански. А, Игуаин му се жалел на Меси дека тешко се справува со критиките на Аргентинците.

Тешко му е кога го критикуваат во Аргентина. Многу пати сме разговарале и ми кажа дека тоа му е проблем. Мислам дека за него беше добро што извесно време не играше за репрезентацијата“ – истакна Меси.

Последниот официјален натпревар за Аргентина, Игуаин го одигра пред повеќе од половина година, а последниот гол го постигна во јули минатата година. Наместо Игуаин на последните натпревари, во нападот на Аргентина покрај Меси играа Анхел ди Мариа, Папу Гомез и Дарио Бенедето, на клупата беа уште офанзивците од Серија А, Пауло Дибала и Мауро Икарди, а во меѓувреме се оправи и Серхио Агуеро, па конкуренцијата е исклучително силна.

Се вчитува...