Меси е веќе минато: Барселона назначи нов капитен

Заминувањето на Лионел Меси од Барселона е главната вест во светот на фудбалот. Каталонскиот гигант сега мора да се навикне на животот без Меси, а некои работи во клубот мора да се воспостават. Едно од главните е кој ќе ја носи капитенската лента наместо Меси?

Клубот се одлучи за необичен потег во однос на капитенот. Имено, управата на чело со стручниот штаб одлучи Барселона веднаш да има четворица капитени.

Познато е дека клубовите назначуваат капитен и заменик капитен, а потоа, доколку е потребно, трет капитен, но Каталонците таа одговорност веднаш ја препуштија на рацете на четворица играчи. Прв капитен ќе биде Серхио Бускетс, негов заменик ќе биде Жерар Пике, а покрај нив, Серхи Роберто и Жорди Алба ќе имаат право на капитенската лента во Барселона.

По заминувањето на Меси, Барселона ќе среди уште некои ситници во клубот и кога ќе започне сезоната ќе видиме како сето тоа ќе изгледа без Аргентинецот.

Се вчитува...