Меси е во војна со навивачите на ПСЖ, додека другите се извинуваа, тој само си замина (видео)

Лео Меси се наоѓа на излезна врата од ПСЖ по зачестените конфликти што аргентинскиот фудбалер ги има со навивачката група на „светците“.

Од трибините на „Паркот на принцовите“ синоќа можеа да се слушнат и свирежи кога Лео ја имаше топката во свој посед, а Аргентинецот не им го заборави тоа на навивачите, па веднаш по последниот судиски свиреж се упати кон соблекувалната.

ПСЖ загуби со 0-2, Мбапе и останатите фудбалери почувствуваа одговорност и останаа на теренот поздравувајќи ги навивачите барајќи прошка за слабото издание, но тоа не беше случај со Аргентинецот.

Спроед весникот „Л’Екип“, навивачите инсистираат дека не вреди да се има Меси во тимот и на овој начин прават притисок за тој да не потпише нов договор со ПСЖ. Ваквата стратегија се чини е успешна, бидејќи аргентинскиот генијалец сега се посериозно ја разгледува опцијата за заминување од „Паркот на принцовите“, откако во декември се чинеше дека се е подготвено за нов двогодишен договор со ПСЖ.

Се вчитува...