Меси: Фудбалот веќе нема да биде ист

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Лионел Меси говореше за пандемијата од коронавирусот и нејзиното влијание на спортот, но и генерално на друштвото. Призна дека се плаши, но и фрустриран бидејќи луѓе кои што на него му се блиски починале од смртоносниот вирус.

„Мислам дека имаше многу негативни работи во текот на кризата, а ништо не е полошо од тоа кога умираат луѓе кои ги сакаш. Сите се прашуваме како ќе функционира светот по кризава. Јас не верувам дека работите ќе се вратат по старо. Фудбалот веќе никогаш нема да биде ист, исто така и животот“, изјави Меси. 

Иако Меси изгледа доста песимистично, фудбалот во Шпанија сепак ќе се врати на 11. јуни кога почнува рестартот на Ла лига.

Се вчитува...