Меси ги налути челниците на ПСЖ со еден потег, ќе следи жестока казна

Лионел Меси ги брои последните денови во ПСЖ, но разделбата најверојатно нема да биде нималку пријателска откако големиот ас ги налути катарските газди на клубот – заминувајќи среде сезона со семејството на прошетка во Саудиска Арабија.

Аргентинецот e еден од неколкуте бренд-амбасадори што Саудиска Арабија дебело ги плаќа за да го подобри имиџот на државата, па Меси ги искористил двата слободни дена што ги добил за да замине за Ријад со членовите на своето најблиско семејство.

Сепак, во ПСЖ се бесни бидејќи никој во клубот не бил информиран за ваквите планови на аргентинската суперѕвезда, па за патувањето на Меси дознале од медиумите по фотографиите од Ријад. Фудбалерите кои вчера тренирале биле шокирани кога им било соопштено дека Меси нема да биде крај нив, уште повеќе кога се појавиле и фотографиите како тој ужива во Саудиска Арабија веднаш по разочарувачкиот пораз од Лориен на „Паркот на принцовите“

„Светците“ се бесни, сметаат дека не заслужуваат ваков однос од еден од најплатените фудбалери во светот, но и во ситуација кога им е јасно дека нема да потпишат нов договор, решени се жестоко да го казнат Аргентинецот.

Директорот Луис Кaмпос добил зелено светло од претседателот Ал Келаифи да го санкционира однесувањето на Меси, кој дефинитивно не ја гледа својата иднина во дресот на ПСЖ.

Се вчитува...