Меси: Го исполнив мојот сон, го освоив Светското првенство во мојата Аргентина

Лео Меси стигна до единствената награда која му недостасуваше откако на гала свеченоста во главниот град на Франција беше избран за спортист на годината од страна на „Лаурeус“ пред Килијан Мбапе, Рафаел Надал, Стеф Кари и Макс Ферстапен.

По добивањето на наградата Меси не го криеше задоволството, а додаде и дека го исполнил својот сон со освојување на шампионскиот трофеј во Аргентина на Светското првенство во Катар.

„Ви благодариме на сите за наградата. Задоволство е да се биде тука и задоволство е да се сподели уште една награда со други спортисти. Секогаш е убаво да се добие вакво признание, но фудбалот е тимски спорт.

Го исполнив мојот најголем сон – го освоив Светското првенство. Ме чинеше многу, но успеав кон крајот на кариерата. Дотогаш имав многу среќни моменти со Барселона и многу тага со националниот тим. Имаше многу пречки, но се ме направи подобар. Благодарен сум на моето семејство и на најблиските. Го исполнив мојот сон, требаше време и титулата светски шампион е најдоброто нешто што ми се случи. Ова е за Аргентина“, изјави Меси.

Се вчитува...