Меси го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ

Напаѓачот на ПСЖ Лионел Меси, вчера постигна два гола во дуелот против Лајпциг, за победа на Парижаните од 3:2.

Со тоа Меси постигна 123 гола во ЛШ, а Роналдо е подобар и има 136. Но двајцата сега имаат еден ист рекорд.

Имено, Лајпциг стана 37-мата екипа против која Аргентинецот забива во Лигата на шампионите. Со тоа двајцата се на исто рамниште, бидејќи и Роналдо го има истиот рекорд кој исто така има постигнато голови против 37 различни клубови во ЛШ.

Се вчитува...