Меси го одработи првиот тренинг со ПСЖ: Нереален број ѕвезди на едно место (ВИДЕО)

Лионел Меси денеска го одработи првиот тренинг со ПСЖ. Аргентинската ѕвезда во вторникот потпиша двегодишен договор со францускиот вицешампион, а вчера и официјално беше претставен како ново засилување на клубот.

Лео денеска го одработи и својот прв тренинг во новиот клуб. Со него, Ди Марија и Нејмар, тимот изгледа навистина спектакуларно, па нема сомнение дека ПСЖ ќе привлече големо внимание оваа сезона.

Се уште не е познато дали Меси ќе дебитира викендов на натпреварот против Стразбур. Билетите за овој натпревар достигнуваат илјадници евра и секој сака да биде сведок на евентуалното дерби на аргентинската ѕвезда.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...