Меси го постигна првиот гол во 2022, ПСЖ лесно со Лил (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен стигна до убедлив триумф на гостувањето кај Лил од 1-4 во 23. коло во француската Лига 1. „Светците“ поведоа со голот на Данило во 10. минута. Домаќините израмнија во 28. преку Ботман, а до крајот на првиот дел гостите со головите на Кимпембе во 32. и Меси во 38. (што беше прв гол на Аргентинецот во 2022 година) на пауза заминаа со предност од 1-3.

Данило со својот втор гол на натпреварот во 51. минута зголеми на 1-4, додека конечните 1-5 ги постави Килијан Мбапе во 67. минута.

 

 

 

 

Се вчитува...