Меси го праќа татко му на средба со Бартомеу

Лионел Меси пред неколку дена побара да замине од Барселона, барање по кое почна голема „сапуница“ во каталонскиот гигант. Меси силно сака да замине, а Барселона не му дозволува ако не се плати клаузулата која изнесува 700 милиони евра.

Среда е денот кој веројатно ќе биде клучен за договор меѓу двете страни. Официјално е закажан состанок меѓу таткото на Меси, Хорхе и претседателот на Барселона Бартомеу. По состанокот се очекува многу работи да бидат разрешени.

Се вчитува...