Меси го пречека Ѓоковиќ во Њујорк

Новак Ѓоковиќ пристигна во Њујорк каде што ќе настапува на престојниот грен слем УС Опен. Веднаш по пристигнувањето, беше пречекан од аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, додека Аргентинецот се подготвуваше за натпреварот против Ред Бул во Њујорк.

На социјалните мрежи се појави заедничка фотографија, а друштво им прави и Хорхе Мас, сопственик на Интер од Мајами.

Ѓоковиќ навиваше за Аргентина на Мундијалот во Катар, а Меси потоа проговори за освојувањето на Ѓоковиќ на Австралија Опен.

„Сè уште станувам емотивен кога на социјалните мрежи гледам видеа од Ѓоковиќ како го крева пехарот на Австралија Опен“, напиша тогаш Меси.

Се вчитува...