Меси го сака сонародникот Павон во Барселона

Каталонскиот гигант Барселона остана без двајца важни играчи ова лето. Од „Камп Ноу“ си заминаа Андрес Иниеста и Паулињо, па се очекува покрај Артур, кој денеска и официјално треба да биде промовиран како ново засилување, ростерот да се засили со уште некој квалитетен фудбалер. Најголемата ѕвезда Лионел Меси има огромно влијание во клубот, често се консултира неговото мислење, а тој сака во тимот да пристигне негов сонародник.

Се работи за Кристијан Павон, офанзивниот играч за врска на Бока јуниорс, кој може да игра и на крилните позиции. Неговата отштетна клаузула изнесува 43 милиони евра, а наводно Барселона веќе ги отпочнала преговорите за негов ангажман. Тој минатата сезона оствари 19 асистенции на 32 натпревари за Бока јуниорс и може да биде вистинскиот наследник на Иниеста.

Барса повторно покажува интерес и за Сергеј Милинковиќ – Савиќ, но каталонскиот гигант не сака да ја плати сумата од 100 милиони евра што Лацио ја бара како отштета зза Србинот.

Се вчитува...