Меси и Барса тргнаа фуриозно, трилер-победа на Интер

Барселона тргна фуриозно во новата сезона од Лигата на шампионите, рутински совладувајќи го ПСВ Ајндховен со 4-0 во премиерниот натпревар од елитното европско натпреварување. Лионел Меси беше во главна улога, постигнувајќи три од четирите погодоци за каталонскиот гигант. Еднаш меѓу стрелците се запиша и Дембеле, кој потврдува дека сезонава игра во топ-форма, достојна за засилување вредно над 100 милиони евра.

Барса го заврши натпреварот со десеет фудбалери откако заслужено исклучен беше Умтити, кој набрзина доби два жолти картони во второто полувреме, но Меси и со играч помалку го комплетираше хет-трикот во самиот финиш од натпреварот.

Интер и Тотенхем одиграа супер-драматичен натпревар во кој домашниот тим во самиот финиш направи пресврт и славеше со 2-1. Ериксен со среќен гол ги донесе гостите во водство на „Џузепе Меаца“, Икарди израмни на 1-1 во 85. минута, за во судиското продолжение Весино да се најде на вистинското место по корнер од десната страна и од непосредна близина погоди за еуфорија на „Џузепе Меаца“.

Се вчитува...