Меси и натаму нема ниту гол, ниту асистенција во Лига 1

Напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси има слаб старт во францускиот шампионат со неговиот нов тим. Иако влегува во шанси, сепак, Аргентинецот во досегашните четири настапи во Лига 1 и натаму нема ниту гол, ниту асистенција.

Вчера Меси играше против Олимпик Марсеј, меч кој заврши без голови, а претходно играше против Ремс, Лион и Рен.

Тој има дадени голови за ПСЖ само во Лигата на шампионите. Даде еден гол против Манчестер Сити, и два против Лајпциг.

Се вчитува...