Меси и Нејмар без Мбапе не можат да ја победат ниту Ница (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен загуби со 0-1 на гостувањето кај Ница во натпревар од 27. коло во француската Лига 1. Еден натпревар во кој повторно избраниците на Маурисио Покетино одиграа далеку под своите можности.

Килијан Мбапе поради жолти картони го пропушти овој дуел, а се повеќе доаѓа до израз тоа дека кога францускиот репрезентативец не е во составот на „светците“ останатите асови предводени од Лионел Меси и Нејмар едноставно не може да ја пронајдат формулата за победа.

Клучниот момент во натпреварот се случи во 88. минута кога Делорт донесе големи три бода за тимот од Азурниот брег.

 

 

 

Се вчитува...