Меси и Нејмар за крај ги понижија навивачите на ПСЖ

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја освоија 11. титула во шампионатот на Франција, а во прошталниот натпревар оваа сезона клубот беше поразен од Клермон со 2-3.

Натпреварот на „Паркот на принцовите“ беше проштален и за Лионел Меси и Серхио Рамос. Аргентинецот повторно доби огромни свирежи пред, за време и по натпреварот и беше очигледно дека не му е грижа за таа ситуација.

По доделувањето на медалите, Меси се фотографираше со остатокот од тимот, а потоа заедно со Нејмар реши да го напушти теренот и да не ги почести навивачите со своето присуство.

Лео отиде во соблекувалната со Нејмар додека остатокот од тимот направи почесен круг за да ги поздрави навивачите. Со овој потег тие им покажаа што мислат за нив.

Меси и Нејмар веќе подолго време се на удар на навивачите на францускиот клуб, кои со сите сили бараа да го напуштат клубот.

Што се однесува до Меси, работата е веќе завршена. Тој вечерва го забележа последниот настап во дресот на парискиот клуб и со свирежи влезе во историјата. Наскоро треба да го дознаеме името на клубот во кој ќе игра следната сезона, а Париз го напушти по 75 натпревари и учинок од 32 гола и 35 асистенции. Нејмар, пак, е под договор до јуни 2025 година

Се вчитува...