Меси и Рамос го предводат бунтот – фудбалерите против мечеви во САД

Професионалните фудбалери во Шпанија почнуваат кампања за поништување на договорот за одигрување на натпревари од Примера дивизион во САД и во Канада. Првиот човек на лигата, Хавиер Тебас, минатата седмица потпиша договор на 15 години со американски конзорциум според кој на северноамериканскиот континент ќе се игра најмалку по еден меч годишно, но големо беше изненадувањето откако беше обелоденето дека за овој договор не е косултирана ниту федерацијата, ниту пак клубовите.

Први гласот го креваат фудбалерите, откако за денеска е закажан состанок на капитените на 20-те шпански прволигаши. Најавено е и присуството на Лео Меси и на Серхио Рамос, кои ќе бидат предводници на „бунтот на играчите“, подготвени да стават до знаење дека немаат намера да играат натпревари на друг континент од кој би заработила лигата.

„Дваесетте капитени ќе дејствуваат во името на сите фудбалери од нивните екипи. Ќе поднесат потписи и ќе почне правната битка, а целта им е да не се играат средби во САД“ – јавува весникот „Ас“.

Се вчитува...