Меси и Роналдо без признание, Ван Дајк е фудбалер на годината во Европа

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк сосема заслужено го понесе признанието фудбалер на годината на УЕФА во Европа за сезоната 2018/2019. Во гласањето на фудбалските стручњаци и претставници на медиумите од сите земји членки на УЕФА, Ван Дајк доби најголем број гласови оставајќи ги зад себе Лионел Меси и Кристијано Роналдо кои исто така беа дел од тројцата финалисти кандидати за ова признание.

Вирџил ван Дајк претходно го доби и признанието за најдобар дефанзивец во Лигата на шампионите, сосема оправдано ако се земат во предвид извонредните настапи на холандскиот ас во текот на целата сезона.

„Ова е навистина огромно задоволство за мене. Ја добивам оваа награда во конкуренција на Роналдо и Меси и навистина сум пресреќен. Признанието се должи и на мојот тим со кој стигнав до успесите изминатава година, но и на сите соиграчи без кои сигурно не би бил тука сега“ – истакна Ван Дајк на свечената церемонија.

За најдобра фудбалерка, според УЕФА, на годината, пак, е прогласена репрезентативката на Англија, Луси Бронз.

Англичанката имаше одлична сезона за сосема заслужено признание на УЕФА.

Се вчитува...