Меси или Роналдо… еве што вели Енис Барди

Во вечната дилема на светскиот фудбал, дали најдобар играч на денешницата е Лионел Меси или Кристијано Роналдо, се вклучи и македонскиот репрезентативец Енис Барди. Тој неколку сезони настапува за Леванте, имаше можност да се сретне и со едниот и со другиот фудбалски великан, но за Барди нема дилема кој од нив е подобар.

„Имам огромна почит кон Роналдо, кој има направено многу за фудбалот. Сепак, за мене Меси е најдобриот фудбалер не само на денешницата, туку и на сите времиња. Тој има неверојатен талент, цело време е два чекори пред сите останати на теренот. Додека Роналдо беше овде, Меси барем имаше конкуренција, сега нема ниту еден фудбалер што му е блиску со квалитетите“, истакна Барди.

Нашиот интернационалец ќе почне со индивидуална работа во тренинг-комплексот на Леванте, но шпанските власти се уште немаат донесено конечна одлука дали и кога сезоната од Ла Лига ќе може да продолжи.

Се вчитува...