Меси им ја открил на соиграчите од Аргентина својата одлука…Ќе остане ли во Барса?!

Аргентинскиот фудбалски генијалец Лионел Меси со хет – трик на мечот против Еквадор (1-3) ја одведе Аргентина на Светското првенство во Русија, а потоа, при големото славје, им открил на своите соиграчи од националниот тим и една своја голема тајна. Тој размислува да ја напушти Барселона и на лето да направи трансфер во Манчестер сити.

Како што пишуваат аргентинските медиуми, Лео Меси се почесто размислува за заминување од „Камп Ноу“ и затоа се уште го нема потпишано новиот договор со клубот.

„На соиграчите од репрезентацијата им рече дека сериозно размислува за нов почеток во Манчестер сити. Тешко му падна заминувањето на Нејмар, не му се допаѓа клупската визија по раководство на новиот тренер Ернесто Валверде, а најзагрижен е за политичката ситуација во која се наоѓа Каталонија. Сето ова го наведува да размислува за заминување“, откриваат аргентинските медиуми.

Актуелниот договор на Аргентинецот завршува на крајот од сезоната…Во Манчестер сити, Лионел Меси би играл под раководство на својот поранешен тренер од Барса, Пеп Гвардиола, и во тандем со еден од своите најдобри пријатели, Серхио Кун Агуеро.

Се вчитува...