Меси им се спротистави на рeдарите и му го исполни сонот на едно мало дете (ВИДЕО)

ПСЖ синоќа го освои првиот трофеј во новата сезона, откако во Суперкупот на Франција славеа со 4-0 против Нант.

Еден од стрелците беше и Лионел Меси, кој изведе мајсторија и ги израдува навивачите. По натпреварот, Аргентинецот одново покажа дека е и голем човек.

Едно младо момче успеа да дотрча до него под трибината, а иако обезбедувањето го фати и се обиде да го одвлечка назад, реагираше Меси. Ѕвездата ги сопре редарите, го повика момчето и направи „селфи“ од соништата за големиот фан.

Се вчитува...