Меси има еден услов за да остане во ПСЖ, клубот не сака да му го исполни

Останувањето во ПСЖ се уште е опција за Лионел Меси, кој е подготвен за нови разговори со челниците на францускиот фудбалски гигант. Договорот на аргентинскиот генијалец истекува на крајот од сезонава, Барселона е најсериозна опција во моментов, но Меси би можел и да остане во клубот доколку му биде исполнет еден услов – зголемување на платата.

Аргентинецот моментно заработува 40 милиони евра по сезона, вистинско богатство, но сепак значително помала сума од онаа што ја добива Килијан Мбапе со новиот договор што го потпиша минатото лето. Меси не бара да биде израмнет со Мбапе, но во секој случај инсистира на зголемување на платата. Проблем е што челниците на ПСЖ немаат намера да го задоволат ова барање на фудбалската легенда, без оглед на неговата одлична форма и 15-те голови и 15-те асистенции во француското првенство.

Француските медиуми тврдат дека планот на ПСЖ е да почне да го намалува огромниот буџет на плати, поради што прв пред излезната врата е Нејмар, а „светците“ се подготвуваат и за живот без Лео Меси. За нив заминувањето на Аргентинецот веќе не би била преголема трагедија, а приоритет во летниот преоден рок ќе биде да се потпише нов долгогодишен договор со Мбапе, кому актуелниот договор му истекува во јуни наредната година.

Се вчитува...