Меси излезе, Икарди и Мбапе донесоа триумф за ПСЖ во 92. минута (ВИДЕО)

ПСЖ продолжува со максималниот ефект во Лига 1 во Франција, триумфирајќи со 2-1 во 6. коло против Лион.

Гостите први поведоа на натпреварот со погодокот на Пакета во 54. минута, а ПСЖ израмни со голот на Нејмар од пенал во 66. минута.

Лионел Меси беше заменет во 76. минута, Покетино внесе неколку измени во финишот па победата ја донесе токму нововлезениот Икарди кој стрелаше за 2-1 на асистенција на Мбапе во втората минута од судиското продолжение.

Се вчитува...