Меси излезе, ПСЖ направи пресврт и победа

Фудбалерите на ПСЖ со резултатски пресврт стигнаа до победа од 2-1 над Лил, одмаздувајќи му се на актуелниот француски првак за загубената трка за титулата минатата сезона. „Светците“ стигнаа до пресврт откако Лео Меси го напушти теренот, по одлуката на тренерот Покетино уште на паузата меѓу двете полувремиња да го повлече аргентинскиот генијалец од игра.

ПСЖ се мачеше да диктира темпо во првото полувреме, а Лил го искористи тоa и ги шокираше домашните навивачи поведувајќи со голот на Давид.

Домаќините заиграа подобро во вториот дел, а до пресврт стигнаа во завршните петнаесетина минути благодарение на Анхел ди Марија. Аргентинецот најпрвин му асистираше на Маркињос при израмнувачкиот погодок, за во финишот самиот да реализира од десетина метри за еуфорија на „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...