Меси израмни антирекорд по промашени пенали во ЛШ

По вчерашниот нереализиран удар од белата точка, Лионел Меси израмни антирекорд по број на промашени пенали во Лигата на шампионите. Имено, тој го достигна антирекордот на Тјери Анри. Сега двајцата играчи имаат по пет промашени пенали во Лигата на шампионите.

Воедно, Меси досега реализирал 23 удари од белата точка во Лигата на шампионите.

Во 62. минута вчера, Меси имаше шанса од пенал да го донесе ПСЖ во водство, но неговиот удар го одбрани Куртоа. Сепак, на крајот тимот од Париз стигна до победа благодарение на голот на Килијан Мбапе во 96. минута.

Се вчитува...