Меси: Ја имам истата амбиција, едвај чекам да излезам на теренот

Аргентинскиот фудбалски репрезентативец, Лионел Меси, кој во текот на летово ја напушти Барселона, верува дека ќе му помогне на ПСЖ да ја оствари главната цел во новата сезона.

Французите не кријат дека го направија така наречениот „дрим-тим“ само за да дојдат до пехарот во Лигата на шампионите.

„Го имам истиот сон и желба да освојам уште една титула во Лига на шампиони. Се надевам дека можеме да ја постигнеме таа цел. Тоа би значело многу за клубот, за мене и за навивачите“, заклучи Меси.

Се вчитува...