„Меси ме изненади со своето однесување“

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими истакна дека е исклучително среќен што има можност да игра со фудбалер од рангот на Лионел Меси.

Хакими, како и Меси, пристигна на „Паркот на принцот“ ова лето. Во разговор за „L’Equipe“, тој откри каков однос има со славниот аргентински фудбалер.

„Лесно е да се воспостави врска со него. Му ја давам топката, трчам и ќе ја испрати таму каде што е потребно. Бев изненаден од неговото однесување, тој е скромен и тивок“, изјави Ашраф.

22-годишникот посочи дека доаѓањето на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња има позитивен ефект врз сите играчи во тимот.

„Не очекував дека ќе ја напушти Барселона. Кога слушнав дека доаѓа во Париз, тоа беше остварување на сонот за мене. Играв со врвни фудбалери во кариерата, но досега не бев со Меси. Кога имате таков играч во тимот, тогаш сите напредуваат, бидејќи го следат како работи, како тренира“, заклучи Хакими.

Се вчитува...