Меси навести за кого ќе даде глас во изборот за најдобар фудбалер на годината!

Поранешниот освојувач на „Златната топка“, Лео Меси, откри за кого може да гласа откако „Франс Фудбал“ ја објави конечната листа од 30-те кандидати за годинешнава награда.

Свечената церемонија на која ќе биде прогласен добитникот е закажана за 29 ноември.

„На листата имам двајца соиграчи за кои можам да гласам, Нејмар и Килијан. Тука се Левандовски и Бензема кои имаа фантастична сезона. Тешко е да се прогнозира бидејќи тимскиот успех е многу значаен за освојувањето на ‘Златната топка’, изјави големата ѕвезда на ПСЖ.

Се вчитува...