„Меси не доаѓа во Интер, не знам кој измислува…“

Директорот задолжен за трансфери во Интер, Пјеро Аусилио, стави крај на шпекулациите дека „нероаѕурите“ се сериозни кандидати во трката по Лионел Меси. Тој во интервју за „Скај Италија“ говореше за трансфер-активностите на клубот од Милано во овој преоден рок, нарекувајќи ги информациите за Меси смешни шпекулации.

„Меси не доаѓа во Интер, тоа е сигурно. Не знам кој измислува такви смешни шпекулации“, истакна Аусилио.

Лаутаро Мартинез дефинитивно останува на „Џузепе Меаца“, а Аусилио проговори и за останатите фудбалери кои се поврзуваат со неговиот клуб, признавајќи го поразот од Милан во трката по Сандро Тонали.

„Никогаш не ни преговаравме со Барса за Лаутаро. Нашиот став беше јасен, ако го сакаат, ќе мора да ја платат клаузулата. Откако истече рокот за клаузулата, веќе нема дилеми дека Лаутаро останува во Интер. Сандро Тонали беше играч што ни се допаѓаше, но тој е играч за иднината кој не ни беше приоритет за овој преоден рок. Видал е фудбалер што е многу квалитетен, но има уште една година од договорот со Интер. Ја следиме неговата ситуација и ако постои шанса за трансфер ќе реагираме. Што се однесува до Коларов, можам да потврдам дека во тек се преговори и со фудбалерот и со неговиот клуб Рома“, изјави Аусилио.

Се вчитува...