Меси не е среќен во ПСЖ, но само заради огромната заработка ќе остане и следната сезона

Најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси во дресот на ПСЖ е само бледа сенка од оној вонсериски фудбалер што играше за Барселона изминатите години.

Преселбата во Париз му падна тешко на Аргентинецот, кој воопшто не е среќен во новата средина. Француските медиуми велат дека и покрај проблемите, Меси не планира веднаш да се откаже од дресот на „светците“.

Француската јавност пишува дека Лео сигурно ќе остане во ПСЖ и следната сезона, а главна причина за ова е огромната плата од 36 милиони евра годишно. Сепак, Меси ќе има шанса уште една сезона за да докаже дека и натаму е еден од најдобрите играчи на светот.

Аргентинецот во Лига 1 сезонава има постигнато само два гола на 17 натпревари, а запишано 11 асистенции. Во Лигата на шампиони до елиминацијата од Реал Мадрид забележа седум настапи со пет голови.

Се вчитува...