Меси не отпатува со тимот на ПСЖ на гостувањето кај Мец

Лионел Меси не отпатува на гостувањето кај Мец, меч кој утре ќе го одигра Пари Сен Жермен во француската Лига 1. Аргентинецот кој не е во најдобра форма на стартот на новата сезона, доживеал повреда на коленото поради која ќе отсуствува од тимот на следниот меч.

Дополнителни информации околу повредата на еден од најдобрите фудбалери во светот, клубот од главниот град на Франција ќе објави во следните 48 часа.

 

Се вчитува...