Меси: Не размислувам за Златната топка, мојот сон веќе го остварив

Лионел Меси зад себе има турбулентна година. Аргентинецот ја напушти Барселона и се пресели во Пари Сен Жермен. Сепак, еден од најдобрите играчи во светот не го најде вистинскиот ритам во Париз, иако постигна три гола во Лигата на шампионите.

Аргентинецот досега не успеа да се запише во листата на стрелците во францускиот шампионат, па затоа веќе е на удар на француските медиуми. Сепак, Меси имаше и светли моменти во 2021 година. Со Аргентина ја освои Копа Америка. Тоа беше неговиот прв голем репрезентативен успех. Покрај тоа, со Барселона стигна и до „Купот на кралот“.

Сето ова се причините поради кои тој и годинава е во потесниот круг за освојување на Златната топка.

„Единствената вистина е дека воопшто не размислувам за Златната топка. Најголемата награда за мене е Копа Америка со Аргентина. Се боревме за тоа и го постигнавме она за што со години сонувавме“, истакна Меси.

Аргентинецот досега шест пати е прогласуван за најдобар светски фудбалер, а во тој сегмент е апсолутен рекордер.

„Ако дојде седмата награда, ќе биде лудо. Но, и да не се случи тоа, нема никакви проблеми“, изјави 34-годишниот Меси.

 

 

 

Се вчитува...