Меси: Не сакав да одам во ПСЖ, сѐ се случи преку ноќ

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси, призна дека не бил заинтересиран за трансфер во ПСЖ. Тој се пресели во Париз во 2021 година, откако истече неговиот договор со Барселона, и со солзи ја напушти Шпанија.

Меѓутоа не се прослави во ПСЖ, и по две сезони го напушти клубот како слободен, и се пресели во Интер Мајами.

„Преселбата во Париз е нешто кое не го посакував. Но, се се лучи преку ноќ. Морав брзо да одлучам, а потоа и да се навикнам на новото место после толку години минати во Барселона“, изјави Меси.

Меси кажа дека сега му е убаво во Мајами и дека наскоро неговите деца ќе почнат да одат во училиште.

Се вчитува...