Ѕвездата на ПСЖ, Лионел Меси, се врати во Барселона барем на кратко, да го искористи слободниот ден кој им беше даден на играчите на Светците. Аргентинецот со сопругата Антонела отпатуваа во Барселона и се сретнаа со пријатели, меѓу кои и капитенот на Барса, Серхио Бускетс.
Тие заедно беа во бар на плажа кој е во сопственост на нивниот пријател Луис Суарес.
Меси по две децении во Барселона, минатото лето се пресели во ПСЖ. Во француската лига не блеска како во шпанската, па не е меѓу петте кандидати за играч на сезоната во Лига 1. Меси на 23 меча во Франција има само 4 гола, но и солидни 13 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА